fbpx
2.8 C
Skopje

Држ ме мајко

АКТУЕЛНО

Не сакав воопшто да пишувам на оваа тема, но не издржав иако уште пред потпишувањето на преспанскиот договор пишував за ВОЛШЕБНИКОТ ОД КОС кој се покажа како мошне влијателен и овој пат. А за тоа КОЈ НИ Е ВИНОВЕН што во минатото имавме неколку вакви можности и по некое чудно правило не ги прифаќавме треба навистина добро да размислиме, па да се надеваме дека ова нема да не потсети на 1689-та како и последиците тогаш за Скопје, сега за цела државa.

Неможам да сфатам како тоа пристапуваат кон толку сериозна тема и мислат да го положат овој испит со тоа што го гледаме секојдневно и мобилизацијата за некоја “банка” на сите хиени и ситнаши околу нив.

Едниот отвора и подарува душа и срце, ветува планини, долини, мед и млеко, но ова што се случува околу нас е дијаметрално спротивно (а не сум баш убеден дека не знае што се случува околу него…) и токму од таму треба да започне со работа доколку сака да ги следи насоките од тие кон кои се стремиме.

Другиот пак покрај што упорно звучи како позајмен глас за цртан филм почна да клечи и да плачи… недај Боже следно вени да сече или некое харикири да направи, а ако продолжи со тоа темпо ќе треба политичко харикири да направат сите околу него.

Би ги замолил и оние свештени лица за момент да ја остават политиката на страна и доколку се во можност да му помогнат на гореспоменатите затоа што некако ми личат на уплашени или урочени.
Патриотизмот е дело за почит и немојте да го користите како алатка за прикривање на криминалот, не го злоупотребувајте секој оној кој искрено го има тоа чувство. Дајте бре луѓе имајте стискавец и без бајките кои ви се контрапродуктивни објаснете им на овие збунети граѓани тоа што имате да кажете без разлика како ќе звучи или од друга страна што ќе добиеме доколку го загубиме ова првото.

Нели сме демократско општество и секој граѓанин има право да размисли и да одлучи за својот глас? Доста ги омаловажувате и потценувате македонските граѓани, здодевен стана овој ваш црно-бел филм иако морам да признаам дека врв ви се улогите во најновата проекција во КИНО МАКЕДОНИЈA.

Зошто бе дечки кога сте толку силни и самоуверени не го промените изборниот модел? Ајде да видиме со отворени листи и една изборна едниница од кого и колку му е смачено на граѓаните…

Автор: Благојче Трајковски, Член на УК на ГДУ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -