fbpx
10 C
Skopje

Државата ќе си плати: Верушевски си доби оштета поголема од 2,5 милиони

АКТУЕЛНО

Два милиони и 580 илјади денари или 40 илјади евра државата ќе треба да му исплати на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски.

Тој ја тужеше државата за двата притвора со кои беше во затвор 11 месеци во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје.

Како што рече судијката во денешната пресуда, Верушевски, претрпел душевна болка поради неоснованото апсење и држење во притвор 344 дена за што беше доставен и психијатриски наод.

Верушевски, кој е и актуелен советник за безбедност во владата на Заев бараше вкупно 71 илјади евра отштета, но барањето му беше делумно усвоено.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -