30 C
Skopje

Државотворен народ. Како само една фраза може да ја врати историската правда

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

На фонот на ширењето на јавната дискусија во Руската Федерација во врска со уставните измени, малите измени на членот 68 (за јазикот и културата) не предизвикуваат никакви прашања и дискусија.

Меѓутоа, во новите измени на уставот е додадено објаснување во кое се наведува зошто рускиот е државен јазик во Руската Федерација. Тоа е „јазикот на државотворниот народ, кој што влегува во мултинационален сојуз на рамноправни народи на Руската Федерација“. Така, амандманот ја признава водечката улога на рускиот народ во создавање и постоење на Руската Федерација.

Во Руската Федерација често се зборуваше за своебразно „недостиг на права“ на титуларната нација. После Октомвриската револуција некои рускојазични региони беа и против нивната воља предадени во составот на новоформираните национални републики кои влегоа во состав на Советскиот Сојуз. Квотите за другите локални жители при приемот на работа беа пречка за кариерите на рускојазичните жители во разни делови од Советскиот Сојуз. Резултатот е постојаното соочување до ден денес помеѓу жителите кои зборуваат руски јазик во поранешните советски републики и титуларните народи кои се стекнаа со независност по распадот на Советскиот Сојуз.

Покрај тоа, во повеќето случаи, сè што сакаат Русите е да зборуваат на својот јазик, да го зачуваат и да добијат статус на рускиот јазик барем на локалната ниво и регион. Принудната украизација во целосно рускојазичните Крим и Донбас се претвори во катализатор за трагичните настани во 2014 година и доведоа до излегување на овие региони од составот на Украина. Затоа, не е изненадувачки што Москва е чувствителна на статусот на рускиот јазик.

И признавањето на Русите како „државен народ“ е едноставно, но многу важно признание на историскиот факт дека токму рускиот народ го обедини огромното подрачје од Тихиот океан до Балтикот и се покажа способен да живее во мир и хармонија со сите народи што го населуваат просторот, без да ги минимизира нивните права.

Се разбира, ваков амандман во уставот е валиден, справедлив и што е најважно, во очите на сите руси кои зборуваат руски е потребно и неопходно. Да, некој може да рече дека ова е национализам, но со оглед на ситуацијата со поддршка на малите нации и нивните култури во Руската Федерација, невозможно е да се обвинат креаторите на амандманот. Ова не е изненадувачки, затоа што во најголем дел Русите апсолутно не се националисти, туку спротивно. Барклај де Толи, Багратион, Бенкендорф, Тотлебен, Рокосовски – сите овие херои, команданти и генерали кои и служеле на Руската Федерација низ разни историски периоди Русите ги доживуваат како свои. Повеќето Руси ќе бидат вистински изненадени кога ќе им се каже дека Барклај Де Толи, креаторот на руското воено разузнавање или инженерот Тотлебен, се Шкотланѓани. Чекај, ќе ти одговорат: „Овие момци зборуваа руски, одеа во православната црква, и служеа на нашата земја и армија, што значи дека тие се Руси!“ Значи, национализмот во Русија не поминува, но здравиот патриотизам и гордоста кај русите за нивните предци им се во крвта.

На тој начин, новиот амандман конечно ги признава заслугите на Русите во создавање на својата држава и јасно објаснува зошто рускиот е државен јазик. Руската Федерација не се плаши да го утврди во својот устав камен-темелникот на рускиот национален идентитет – јазикот и историјата на создавање на Руската Федерација, изградени пред се од рускиот народ.

Всушност, Москва создава свои суверени правни уставни норми, воведувајќи ги во уставот таквите концепти како државотворен народ. Тука мора да се напомене дека старата верзија на уставот е напишана во 1993 година, со огромна помош од западни советници. Премногу важни државни тези едноставно не се вклучени во уставот од 1993 година, најважниот документ на државата. Затоа, не изненадува што новата силна Русија суштински го регулира „Основниот закон на државата“, додека пратениците често прават не многу забележливи, но важни измени.

Со новите измени, заедничката историја, единствениот пат на духовниот развој на земјата и улогата на рускиот народ се утврдени во уставот. Значи, државната идеологија и заедничките вредности за сите Руси не се само формулирани и формирани, тие се вклучени во основниот закон на Руската Федерација.

Пишува: Дарко Тодоровски

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...

Сулејман Величествениот сака да ја купи луксузната вила на пејачот Бојановиќ – дoбил вакoв одговор (Фото)

Вилата на Милош Бојаниќ на Црногорското приморје секогаш била атрактивна за многу домашни но и странски купувачи кои на пејачот му нуделе милиони. Од...
- Advertisement -