fbpx
13.8 C
Skopje

ДУИ БАРА ОСТАВКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ

АКТУЕЛНО

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов не го потпиша Указот за Предлог законот за ратификување на Договорот меѓу Македонија и Грција. Во образложението на Претседателот се вели дека договорот е против-уставен и дека неговото официјализирање претставува кривично дело. Претседателот наброи 5 причини против потпишувањето на Договорот

Немам мандат да го потпишам Указот за прогласување на законот за ратификација на оваа спогодба. Еден од столбовите на мојата политика во изборната програма од 2014 година е дека „не прифаќам промена на Уставот со цел промена на уставното име.

„Спогодбата излегува надвор од опфатот на резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Спогодбата нема уставен основ и не е ратификувана во согласност со Уставот.

Законот за ратификација на спогодбата не е во согласност со член 51, член 118 и член 119 од Уставот на Република Македонија.

 

За албанската партија на власт, ДУИ, одлуката на Иванов беше очекувана. Пратеникот Артан Груби вели дека нема да дозволат, како што рече, узурпаторот на државата да ја попречува работата на Собранието. Од ДУИ најавија иницијатива за интерпелација на Иванов.

Повеќе за ова на ТВ21 – ИЗВОР ( ОВДЕ )

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -