fbpx
0 C
Skopje

ДУИ не ја затвори вратата со ВМРО-ДПМНЕ

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека поделеноста на гласачкото тело на Македонија, од последните парламентарни избори лани во декември, речиси не е променета.
Овие анкети покажуваат дека во голем број на општини ќе се оди на гласање во втор круг, на 29 октомври. Разликите во истражувањата во корист на едниот или на другиот се сведуваат на проценти од статистичка грешка, 2-3 отсто.

Поларизацијата, особено на македонското гласачко тело меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и натаму е една од главните карактеристики на политичкиот амбиент во Македонија. Кај македонските гласачи Албанци, по подолго време изборот се сведува меѓу четири политички субјекти и ја менува претходната комотна позиција на штабовите на ДУИ и ДПА. На сцена се и Беса и Алијансата за Албанците.

По формирањето на владината коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, и отстапките кои социјалдемократите ги прават и ветуваат во однос на барањата на албанскиот политички кампус, се чини дека е зацврстено новото „братство“ меѓу лидерите на двете партии Зоран Заев и Али Ахмети. Отворената поддршка која овие двајца ја даваат за кандидатите за градоначалници на другата партија покажува дека новиот двоец СДСМ и ДУИ засега добро функционира.

Сепак, се чини дека не е сѐ така како што на прв поглед изгледа и покрај последните соопштенија на ДУИ. Предноста на СДСМ во однос на ВМРО-ДПМНЕ не е таква каква што се очекуваше, а некои и ја посакуваа.

Oна што го дознаваме од албанската дијаспора е дека комуникацијата на релацијата ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не била ни запрена. Ако на почетокот таа била на ниво на пониски партиски ешалони, што партиски извори и го потврдуваа, како што се приближува денот на гласањето за локалните избори, неофицијално, веќе се одржале и средби на лидерско ниво меѓу Никола Груевски и Али Ахмети. Без разлика на соработката на СДСМ со ДУИ, на Ахмети воопшто не му пречи да преговара и со Груевски. За секој случај.

Што ако СДСМ изгуби во повеќе општини? Во тој случај притисокот на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремени парламентарни избори (што и го најави генералниот секретар на партијата Христијан Мицевски) ќе се зголеми, а ДУИ во последниве 15 години не е навиканата да биде во опозиција. Тие досега еднаш веќе беа партнери на СДСМ во власта, а не ги забораваат ни убавите 11 години владино коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.

Во таква ситуација желбата на Ахмети да ја држи отворена вратата со Груевски изгледа сосема логична. Особено ако се знае дека ВМРО-ДПМНЕ ја отвори вратата за соработка со Беса, партија на Албанците во Македонија која станува најсериозен конкурент на ДУИ во освојувањето на гласачите Албанци.

Пишува: Александар Стојановски

Извор: МКД.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...

Еkс сопругата на екс директорот си го промени презимето на фејсбук и инстаграм: Еве како се презива сега

Агенса Ораноска, поранешната сопруга на екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски го промени презимето на профилите на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, два дена откако Орданоски...

ШOK ПРЕД ХОТЕЛОТ НА ЏОКОВИЌ: Српски навивач сакаше да оди во собата на Ноле, реагираше ПОЛИСИЈА (ВИДЕО)

Правилата се прилично строги и тенисерите не можат да го напуштат хотелот, освен кога одат на тренинг. И додека Новак одмараше во својата соба,...

Колев: Да го зaпалиш знамето на државата која дала државјанства на илјадници твои граѓани за работат низ цел свет е меко кажано невоспитано

Да го запалиш знамето на државата која прва не призна и испрати јасен сигнал кон целиот свет дека Македонија ќе биде самостојна и суверена...

Душичка: Атиџе за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички

По повод 57-миот роденден на Атиџе, нејзината најверна пријателка со која заедно одат на шопинг пијат кафе Сузана Турунџева и приреди вистинско изненадување ...
- Advertisement -