fbpx
20.8 C
Skopje

Дуќанџиите во ТЦ Бисер најавуваат нова „Шарена револуција“ – отворено го напаѓаат својот конкурент

АКТУЕЛНО

Ако институциите не го решат случајот со пекарата „Силбо“ во ТЦ Бисер во Аеродром, останатите дуќанџии најавија дека ќе има нова „Шарена револуција“. Според дуќанџиите, Општина Аеродром му дава поддршка на криминалот, при што инспекторатот незаконски го одложил рушењето на пекарата.

Останатите дуќанџии го нападнаа сопственикот на пекарата „Силбо“, а само моменти ја делеа ситуацијата од излегување од контрола. На крајот победи разумот, а сопственикот на Силбо тврди дека неговиот објект не е дивоградба.

„Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот. ДПТУ „Жито Скопје Силбо ДООЕЛ“. Одложувањето важи сѐ до донесување одлука на второстепената комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка.

Пред да се преземе каква било активност, мора да се почека до решавањето на второстепената комисија“, истакнаа преку соопштение од општина Аеродром.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -