fbpx
37.8 C
Skopje

Дуковски: Замислете министерка за култура без пасош

АКТУЕЛНО

Во Апелациониот суд денеска беше разгледната жалбата на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска обвинета во предметот „Тендери“ во кој таа и уште две лица се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување. Таа си го бара пасошот назад, а СЈО повторно побара притвор за неа.

За ексминистерката и за второобвинетиот во предметот „Тендери“ се бара притвор, а за третообвинетиот само одземање на пасошот.

Канческа-Милевска ја бранат тројца адвокати Сашо Дуковски, Еленко Миланов и Сања Алексиќ. Судиите кои ќе одлучуваат за жалбите се Љиљана Ивановска Шопова, Јани Нича и Сафет Кадрии.

Еден од адвокатите, Сашо Дуковски пред судот рече дека таа имала углед во државата, никогаш не била осудувана и нагласи „Замислете министерка за култура без пасош“.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски побара притвор бидејќи тоа бил единствен начн да се обезбеди присуство на обвинетата. Тој побара судиите да ја ценат висината на запретената казна која е затворска казна од минимум 5 години.

Инаку, екс министерката за култура е првоосомничена во случајот за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО од проектот „Скопје 2014“, со што според СЈО, буџетот бил оштетен за околу 54 милиони денари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -