Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил сподели како тој ја гледа 2019-та година, но и што очекува од новата 2020-та година.
Тој беше еден од лидерите на движењето „За заедничка Македонија“, кое кулминираше со упадот во Собрание на 27-ми април 2017 година.
-Моја ретроспектива на 2019та. Го победив “системот” кога изгледаше дека е најсилен. Новата нека биде подобра за сите,- напиша Игор на Фејсбук.
Моја ретроспектива на 2019та. Го победив "системот" кога изгледаше дека е најсилен.Новата нека биде подобра за сите.
Posted by Igor Durlovski on Monday, December 30, 2019
Игор Дурловски беше ослободен од притвор на 15-ти март оваа година, претходно одби амнестија и ја докажа својата невиност, откако обвинителството не успеа да ја докаже неговата вина за делото за кое беше обвинет.