fbpx
5 C
Skopje

Два града побараа ПОЛИЦИСKИ ЧАС: Од 21:30 часот до 5:00 наутро Во Гевгелија побара општината

АКТУЕЛНО

Според извештаите на Министерството за здравство, во последните два дена во Неготино беа регистрирани 84 нови случаи, а во Гевгелија 64. Во моментов активни случаи во Неготино се 305, а во Гевгелија 255, пишува 360 степени

Да се воведе полициски час на територијата на Општина Гевгелија во периодот од 21:30 до 5 часот наутро секој ден додека да се стабилизира состојбата, побара гевгелискиот општински Кризен штаб по денешната седница од Главниот кризен штаб.

Покрај полициски час, штабот бара и враќање на претходните рестрикции за ограничувања на капацитетот во јавниот превоз односно во автобусите на 50 проценти наместо актуелните ограничуваања од 75 проценти.

Меѓу одлуките на Кризниот штаб во Гевгелија е и забрана за групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума

Вчера, одлука да се испрати допис со барање за полициски час на неопределено време на својата територија донесе и Кризниот штаб во Неготино

Извор и цел текст на 360 степени

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -