fbpx
28.8 C
Skopje

Дваесет години затвор за убиецот на рускиот опозициски лидер Борис Немцов

АКТУЕЛНО

Московскиот Окружен воен суд денеска на 20 години затвор го осуди Заур Дадаев, убиецот на опозицискиот политичар Борис Немцов.

Поротата на 29 јуни се изјасни дека петмината обвинети се виновни за убиството на Немцов.

Дадаев, поранешен припадник на чеченските специјални полициски сили, е виновен затоа што на на 27 февруари 2015 година пукал во Немцов на Големиот Московорецков мост, во близина на Кремљ.

Второобвинетиот Тамерлан Ескерханов е осуден на 14 години завтор, и е лишен од сите воени почести и ордени.

Браќата Анзор и Шадид Губашев се осудени на 19, односно 16 години затвор, додека Хамзат Бахаев е осуден на 11 години затвор.

Обвинителството вчера за сите обвинети побара доживотен затвор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -