fbpx
17.8 C
Skopje

Двајца планинари трчале по автобус откако водичот на „Трансферзалец“ решил да ги остави на Кораб

АКТУЕЛНО

Откако во февруари при искачување на Кајмакчалан загинаа двајца планинари од Македонија а остри критики беа упатени кон планинарското друштво „Трансферзалец“, сега повторно скандал го тресе ова друштво.

Како што пренесува „Макфакс“, двајца планинари, од кои едниот бил повреден, морало да трчаат по автобусот од организираната тура за искачување на Кораб. Имено, водичот на групата решил да се вратат без нив.

„Двајца планинари што недостигаа се симнуваат по патот и трчајќи тропаат на автобусот со цел да запре за да влезат. Организаторите беа спремни да ги остават, ниеден водич не се загрижи, ниту одеше последен.

Еден од двајцата го повредил коленото и морале да одат полека. Никогаш пак со „Трансверзалец“, вели Марко Томиќ за „Макфакс“, еден од планинарите што го искачувале Голем Кораб.

Извор – Макфакс

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -