fbpx
23.8 C
Skopje

Еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со партиската одлука

АКТУЕЛНО

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за МКД откри дека не се согласува со неутралниот став на што како одлука го донесе раководството на партијата и пасивниот повик секој од членството и симпатизерите да гласа на референдумот на 30 септември по сопствено убедување.

– Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој наведе дека учествувал телефонски кога се носела одлуката и дека не е задоволен затоа што ставот е непрецизен.

Минатиот месец единствениот урбан градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија и амбасадорот Џес Бејли.

На Јанчев се гледа како ривал и конкурент на актуелниот претседател на партијата – Христијан Мицкоски.

Извор: Фактор

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -