fbpx
23.8 C
Skopje

Едногодишно бебе ја заклучило својата баба на балкон: Жената морала да повика пожарникари за да ја спасат

АКТУЕЛНО

Голема драма се одвивала во стан во Осјек, каде едногодишно бебе својата баба ја заклучило на балконот, па жената морала да ги сочека пожарникарите за да може да си влезе во станот.

„Откако пристигнавме на местото на настанот, заклучивме дека бабата додека го чувала својот внук во еден момент излегла на балконот. Тогаш малото детенце несвесно ја затворило вратата од тарасата, па жената не можела да влезе внатре. Моравме да реагираме преку балконот од соседниот стан, но неможевме да ја отвориме вратата од тарасата, бидејќи детето цело време висеше до вратата која беше целата од стакло“, изјави командирот на противпожарната единица.

Пожарникарите се обидувале да го одалечат бебето од вратата за да можат да ја отворат без да го повредат, но залудно. Додека сите чекале, малото детенце се одалечило, легнало на подот и заспало.

„Тогаш со помош на секири, ја отворивме вратата, внимавајќи да не дојде до пукање на стаклото. Едноставно неможевме да реагираме се додека малиот не заспа“, додаде командирот.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -