fbpx
14.8 C
Skopje

Египетскиот фудбалски сојуз без одговор на лутите пораки од Салах

АКТУЕЛНО

Мохамед Салах за само неколку месеци стана најпопуларната личност во Египет, но се чини дека тоа веќе некои почнаа да го користат на лош начин.

Салах претходните деноив беше многу активен на социјалните мрежи, а неговите пораки навивачите на Ливерпул никако не можеа да ги разберат. Се надеваа дека само тоа нема никаква врска со нивниот клуб и на сета среќа нивните желби се исполнија.

Имено, вчера Салах се огласи на Твитер и порача:
“Нажалост, начинот на кој се однесуваат спрема мене е доста навредлив. Искрено, се надевам на подобар однос од овој“. Многу прво помислија дека станува збор за Ливерпул, но на крајот се испостави дека оваа порака била за челните луѓе на Египетскиот фудбалски сојуз.

Во последно време Фудбалскиот сојуз на оваа земја ја користеше фотографијата на Салах во многу промотивни зделки, а да прво не го ни прашаат дали имаат право на тоа. Да сета работа биде поголема од Сојузот порача дека воопшто не ни разговарале за Салах за да се изнајде решение за овој проблем.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -