fbpx
-2 C
Skopje

ЕХО: Стоп за булдожери, оставете го Водно на мир – не го пошумувајте со нови згради

АКТУЕЛНО

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

ВМРО НП: Историчарите молчат за Kрвав Божиќ во кои беа стрелани стотици македонски партизани

Овие денови пред 76 години се сличија настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божиќ“ во кои беа стрелани повеќе стотици македонски партизани. Стрелањето беше...

лацот се продава – 600 метри квадратни. Тел…“ една е од неколкуте огласни табли кои викендов ги забележавме на падините на Водно, непосредно под главната сообраќајница улицата „Тодор Александров“, која сега е граница меѓу градежниот и зелениот појас на омилениото излетиште на скопјани. Неколкуте плацеви се речиси единствени празни и со згради неизградени површини над парцелата која порано претставуваше комплексот Олимписко село. Поранешниот комплекс полн со зеленило сега веќе претворен во со згради густо „пошумена“ населба. Нема дилеми дека и идниот купувач таму ќе направи зграда за да спечали од продажбата на станови, пишува весникот „Скопско Ехо“

Надолу, околу поранешниот популарен скопски хотел „Панорама“ веќе се е „обраснато“ и населено зо зградите. Теренот веќе стенка под нивната тежина на која сега дополнително се додаде големата висококатница која доминира на целиот рид. Жителите од подолните куќи стравуваат од лизгањето на теренот, како заради неа така и заради другите згради.
Градежни маркички на невозможни места

-Водно е веќе освоено од згради, коли, гасови, отпадоци, гужви… Неодамна попушти еден од долните потпорни ѕидови под поранешна „Панорама“ и сите се исплашивме дека сите поголни згради ќе се лизнат надолу. Го поправија, ни тврдат дека сега е во ред, но стравот ни остана. Инаку, планината е веќе задушена, зградите одат нагоре и се сомневам дека ќе се запре тоа, ни рече водњанецот Димитар Поповски.

Тој пред две години беше меѓу граѓаните кои протестираа по попуштањето на потпорниот ѕид заради што беше иселена една зграда со седум стана. Водно со години се сече, се рамнат површини, прават улички, ѕидаат потпорни ѕидови и се прават згради. Сето тоа правно се покрива преку измени на урбанистички планови, како во општина Центар така и во Градот Скопје во чија надлежност е Водно како Парк-шума. Локалните власти во спрега со инвеститорите премногу лесно цртаа градежни маркици на невозможни места, менуваа ДУП-ови и ГУП-ови според потребите на инвеститорите, а не според законот и потребата од зелена оаза која ја нарекувавме и бели дробови на градот.

– Само се цртаат градежни маркички и се усвојуваат. Потоа, преку ноќ се појавуваат булдожери, се оградува простор, се копаат темели. Така беше со сите згради така и со ова најголема која го прекри Водно. Како може на Водно да се гради зграда од десет ката. Ова нема крај, мислам набрзо ќе се однесе и одлука со која зградите ќе почнат да се градаат и од другата страна на улицата „Тодор Александров“, велат жителите на Водно.

Всушност, планината не е нападната само во овој дел. Нејзините западни падини веќе високо се освоени и на подрачјето со кое управува општина Карпош, со дивоградбите во и околу „Шпанско село“. На источната страна веќе е наголемо се гради населбата „Сончев град“ во општина Сопиште и заради која Водно е пресечено со новиот пат со кој колите од неа директно ќе влегуваат во центарот на градот преку и така задушениот Клинички центар. А се случува и градежна експанзија над населбите Трнодол и Жданец.

Законска дупка со „Парк-шумата“

– Водно веќе одамна не е она што беше и сега ни останува да се бориме за она што останало од него. Најважно да се спречат нови градби. Новите градски власти задолжително треба да испитаат како се давани дозволи за градби на толку многу и такви згради. Злосторство е тоа што се направи врз Водно. Недозволиво е и натаму да се шири градежната зона, треба да се запрат градби на се уште неизградени локации, вели Петар Бошевски од невладината организација „Еко мисија“.

Се чини дека законска дупка за да Водно биде претворено во секакво градилиште е направена во 2004 година со донесување на Законот за заштита на природата. Во тој закон воопшто не се предвидува постоењето на „Парк шума“, каков што статус има ова излетиште, и со што практично можеше да се менува што се сака бидејќи нема ограничувања.

– Треба да се дефинира статусот на Водно. Вака, само се гради, а сега посебно и преку денационализирани имоти на кои брзо почнува да се гради и така градежниот реон само оди се повеќе нагоре. И таму треба контрола, предупреди Бошевски.

Пошумување нема, сеча на дрва има

Според сознанијата, во изминативе години имало повеќе пријави од чуварите на планината за разни узурпации и бесправни сечи на дрвја. Но, пријавите се уште не се реализирани и никој не е осуден. А не сме слушнале и дека некој ја пошумува планината.

Обезбедува 40 проценти од потребното скопско зеленило

Водно обезбедува 35 до 40 проценти од потребното зеленило во градот и претставува „бели дробови“ на Скопје, се наведува во информацијата на ЈП „Паркови и зеленило“ за одржувањето на зелените површини во оваа година. Во неа се наведува и тоа дека вкупната површина на Парк-шумата Водно изнесува 4.573 хектари од кои 2.168 хектари се обрасната шумска површина и која со свои 47 проценти врши најдиректна заштитна функција. Но до кога?

Наместо млади, згради го освоија врвот

– Треба да се радуваме што го имаме Водно покрај градот. Но на него треба да се качуваат планинари. Децата, младината треба да го освојуваат врвот, а не зградите и градежните машини, децидна е Светле Станковиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Ново видео на „Тик-Ток“ во кое возач лудува по македонските улици и вози со 255 км/ч (ВИДЕО)

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено ново видео каде возач управува...

Утре е Водопост, на овој ден мајките никако не смеат да заборават да го направат ова

Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани...

Бил Гејтс и Рокфелер веќе ги прават новите ковид пасоши: Како ќе функционираат?

Американските технолошки и здравствени гиганти, вклучувајќи ги Мајкрософт, Клиниката Мејо и Оракл, се здружија за да создадат нови ковид пасоши за вакцинација. Благодарение на новите...

Скијање и прошетка без почитување на мерките: Каде е сега ЕБР?

Центарот „Нижеполе“ преполн на почетокот од скијачката сезона. Посетителите го користат викендот за скијање и прошетка, по најавата дека стазата е отворена, но и дека...

Убаво: Владата ќе дели помош за купување на сончеви колектори, пвц прозори, печки на пелети

Најновите вести од Македонија и светот На предлог на Министерството за економија, беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и...
- Advertisement -