fbpx
29.8 C
Skopje

ЕК со последно предупредување до 5 држави за загаден воздух!

АКТУЕЛНО

Европската комисија ги објави последните предупредувања кон пет земји-членки заради нивната неспособност да го намалат загадувањето на воздухот во рамките на дозволеното за ЕУ граници.

Германија, Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија добија официјални мотивирани мислења од Комисијата со детали зошто таа смета дека ги прекршуваат стандардите за емисии. Сега петте земји имаат два месеци да преземат чекори за решавање на проблемот. Ако земјите-членки не подготват  соодветен план за справување со загадувањето на воздухот, тие можат да завршат во Судот на Европската унија.

Бугарија веќе е предмет на тужба од страна на Судот на ЕК за несправувањето со намалувањето на воздушното загадување. Тоа започна во текот на септември 2015 година Предмет се две прекршувања на Директивата за квалитет на амбиентниот воздух: за непочитување на граничните норми за фини честички во воздухот и за неисполнување на обврската за донесување на соодветни планови за квалитетот на воздухот.

Многу од големите европски градови како Лондон, Минхен, Берлин, Париз, Рим, Милано, Барселона и Мадрид не се справиле со покривањето на стандардите за квалитетот на воздухот , пишува британското издание Business Green . Ова води до околу 400 000 случаи на предвремена смрт секоја година. Во последните неколку месеци градските власти во многу од овие градови објавија крути мерки за итно намалување на загадувањето. Меѓу нив се овие:

  • забрана за влез на автомобили во централните градски делови;
  • еко-вињети: класификација на степенот на загадување според типот мотор и возраста и спречување во централниот дел на автомобилите со загадувачки механизми;
  • престанок на програмите за купување на дизел автобуси за градскиот превоз;
  • претворање на големи улици и булевари во пешачки зони;
  • замена на автобусите на градскиот транспорт со електробуси;
  • одделување на зони со ниско ниво на загадување;
  • изградба на велосипедски автопати;
  • изградба на системи за споделени автомобили опслужувани од електрични автомобили.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -