fbpx
29.8 C
Skopje

Еко-активистите на средба со градоначалникот на општина Центар

АКТУЕЛНО

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денес оствари средба со претставници на здружението „Скопје смог аларм“

Преземањето на мерки на краток и долг рок, кои би резултирале со намалување на загадувањето на воздухот беше тема на разговор на средбата меѓу градоначалникот и еко-активистите.

На средбата договорена е набавка на мобилна мерна станица од страна на општината. Со неа ќе се овозможува прецизен увид во тоа кои фактори најмногу придонесуваат за загадувањето и на кои места во општината е највисока концентрацијата на ПМ честичките. Со овој уред ќе се изврши точна анализа и ќе се утврдат главните извори на загадување на секоја поединечна локација, соопштуваат од Општина Центар.

„И покрај ограничените ингеренции на општината, сакаме активно да придонесеме во намалувањето на воздушното загадување. Средбата со претставниците на еко-здружението е дел од тој стремеж. Задоволство ми е што имав прилика да поразговарам и да се посоветувам со луѓе кои се добро запознаени со состојбите. Средбата беше конструктивна и веќе договоривме конкретните мерки кои ќе ги спроведеме. Воедно, апелирам до надлежните министерства и градските власти да се вклучат активно во борбата против загадувањето. Состојбата е алармантна, здравјето на граѓаните е ставено под ризик и мора да се делува веднаш“, вели Жерновски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -