Денеска (понеделник) со почеток во 18:00 часот на Телевизија 24 ќе гостува лидерот на ВМРО-Народна партија, г-динот Љубчо Георгиевски.
Поранешниот премиер деновиве е актуелен по неговиот предлог да се направи целосен државен карантин во рок од 14 дена. ВМРО-Народна партија во принцип ги поддржува заложбите за порестриктивни мерки во борбата со коронавирусот, но во исто време и го задржува правото да бидеме критични за што поуспешно справување и остварување на заедничката цел, се вели во соопштението на партијата на Љубчо Георгиевски според која одлуката за уште порестриктивен полициски час кој ќе почнува од 16 часот има слабости.
Затоа ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе, но дека сигурно ќе може да го наруши основниот економски ритам на животот“, се вели во соопштението.
ВМРО-Народна партија ја обновува својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку сегашната рестриктивна мерка.