10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Експлозија во црква, 13 мртви, 42 повредени

Во експлозија во црква во северен Египет денеска загинале 13 луѓе, а повредени се 42. Египетската државна телевизија потврдила дека експлозијата се случила и дека причината уште не е позната во градот Тант.

Од „Ројтерс“ велат дека сеуште никој ја нема превземато одговорноста за оваа експлозија. До неа дошло кога имало многу народ во црквата, во главно Копти кој го слават Цветници.

Во декември во експлозија истотака во коптска соборна црква во Каиро загинаа 25, а 49 луѓе беа повредени.

 

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави