Американскиот комичар, телевизиски презентер и актерка, но и водител на познатото телевизиско „Шоуто на Елен Деџенерес“, Елен Деџенерес сподели проштална порака на Твитер по повод последниот говор на досегашниот претседател на САД, Барак Обама.
„Ве сакам повеќе отколку што има место на Твитер за да опишам“, напиша познатата актерка и презентерка Елен Деџенерес, по говорот на претседателот.
Во Вторникот вечерта, досегашниот претседател на САД, кој беше носител на функцијата претседател, два мандати по ред, се збогуваше со својата функција и ги повика Американците да не губат верба во својата иднина.
Сепак, Елен Деџенерес не е единствената позната холивудска актерка која изрази поддршка за Обама. Силна поддршка пристигна и од други познати актери како: Tефан Кинг, Џина Родригес, Шерон Стоун, двете споделија заеднички фотографии со него, а Ненси Синатра – ќерка на легендарниот пејач Френк Синатра, со големи букви напиша „Мојот претседател.“
Ова не се единствените холивудски актери и познати личности кои ја дале својата поддршка за Обама и кои јавно ги критикувале ставовите на новоизбраниот претседател на САД.
Холивудски ѕвезди, меѓу кои и Роберт Дауни Џуниор,Скарлет Јохансон, Кејти Пери и Џулијан Мур се меѓу попознатите кои ги предводеа демонстрациите и протестираа против новозибраниот претседател на САД, милијардерот Доналд Трамп.