fbpx
17.8 C
Skopje

Емина Јаховиќ ја откри вистината: Никогаш не се каравме, се разделивме само заради една работа

АКТУЕЛНО

Веќе некое време сите сакаат да ја дознаат вистинската причина поради која Емина Јаховиќ се раздели од нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, познатиот турски пејач Мустрафа Сандал.

Како би ставила крај на приказните за вистинските причини за развод и поради што се изгасна нејзината љубов, убавата пејачка ја откри вистината.

„Мустафа и јас немавме кризи, никогаш не се каравме, едноставно изгасна нашата свеќа. Ова не е лесен животен период, но некако навикнав на тоа дека морам за сé во животот да се потрудам. Во последно време многу се истрошив и приватно, и професионално, но горда сум што имав храброст и некако собрав сила сето ова да заврши“, изјави познатата пејачка во емисијата „Ексклузивно“ и додаде.

„Останувам да живеам во Турција поради децата и нивното школување. Ќе доаѓам често во мојот град како што го правев тоа и во претходните десет години и тука ништо нема да се промени“, изјави таа и вели:

„За нов партнер во овој момент не размисливам.“

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -