Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив зависат нашите животи. Одговарајте точно на прашањата на лекарите и епидемиолозите – со тоа го штитите вашето, но и нивното здравје. Оваа борба зависи од секој од нас. Сега, како никогаш досега, треба да покажеме одговорност.
Им благодарам на сите колеги кои го вложуваат целиот труд. Им благодарам на сите граѓани кои доследно ги почитуваат препораките и мерките. Издржете, ќе ја пребродиме оваа криза и ќе излеземе посилни, напиша вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својата официјална фејсбук страница.
Првиот човек на здравството денеска повторно одржа пресконференција на која зборуваше и за актуелната состојба со коронавирусот кој е посебно присутен во Куманово.
– Процентуално, по глава на жител, во Куманово се регистрирани повеќе заразени отколку во Скопје. Ние се обидовме да пронајдеме одговор на прашањето зошто е тоа така и дали актуелната состојба може да се препише на некаков поинаков начин на комуникација помеѓу граѓаните во Куманово. Но, навистина е тешко да се каже зошто е таква ситуацијата во овој град. Од епидемиолошки аспект се практикува тестирање и самоизолација. Се надевам дека и полицискиот час ќе вроди позитивен резултат – рече Филипче.
Ова се дел од моите колеги кои неуморно работат на пунктовите за тестирање. Од нив зависи јавното здравје, од нив…
Posted by Венко Филипче on Sunday, April 5, 2020