fbpx
12.8 C
Skopje

Ердоган: Ако се здружиме со САД, Ракка ќе стане гробница за ИСИС

АКТУЕЛНО

Турција и САД можат да ги здружат своите  сили во борбата против ИСИС, ова го објави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, цитиран од агенцијата “Франс прес”.
„Големата коалиција предводена од Америка и Турција можат да се обединат и да ја претворат т.нар. престолнина на Калифатот,  Ракка во гробница за ДАЕШ („Исламска држава“)”, објави Ердоган за време на состанок во Истанбул.
„Тие ќе бараат место каде да се сокријат“, додаде тој.
Коментарите на Ердоган доаѓаат во пресрет на средбата со претседателот на САД Доналд Трамп на 16 мај во САД.
Турција и САД имаат различен став околу статусот на курдскиот „Отред за народна одбрана“. Според Турција ова вооружена група е терористичка испостава на ПКК, а САД стои на ставот дека Курдите од оваа милиција на ПКК помагаат во борбата против ИСИС.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -