fbpx
14.8 C
Skopje

Ердоган му се закани на Трамп – Ќе го забраниме Ајфонот во Турција

АКТУЕЛНО

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе има бојкот на електронски уреди од САД, откако ги заостри односите со својот долгогодишен сојузник.

Како што вели Ердоган мора да се задржи цврста позиција во времето кога лирата паѓа.

Вели дека постои отворен напад на Турција, и тоа порано се правело тајно, а сега е директно и отворено.

Ердоган додава дека можат да направат две работи, економски и политички.

„Ќе ја бојкотираме стоката од САД, имаат Ајфон, а од друга страна постои Самсунг, имаме и локален бренд Venus Vestel, ќе го користиме“- наведува Ердоган.

Претходно односите меѓу Анкара и Вашингтон се влошија, поради свештеникот Ендру Брансон кој е затворен во Турција.

Неодамна американскиот претседател, Доналд Трамп соопшти дека одобрил двојно зголемување на царините за челик и алуминиум.

Ердоган предупреди дека може да бараат нови сојузници и пријатели.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -