24.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Ердоган: Турција не е примена во ЕУ цели 54 години бидејќи ЕУ е христијански сојуз

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска имаше свое обраќање на митинг во Анкара пред референдумот за измени на Турскиот Устав со кој претседателот на државата би добил поголеми овластувања, изјави дека неговата земја веќе 54 години не се прима во ЕУ затоа што тоа е христијански сојуз, пренесува ТААС, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.

Ердоган изјави дека лидерите на сите земји од ЕУ се собрале во Ватикан за да го слушнат папата.

„Знаете ли зошто Турција не е примена во ЕУ цели 54 години? Причината е сосема јасна: ЕУ е христијански сојуз. Истовремено 16 април ќе биде денот кога ќе се даде одговорот на позицијата на ЕУ“, рече Ердоган.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -