fbpx
12.8 C
Skopje

Ерупција во Автокоманда: Металург го сруши Вардар

АКТУЕЛНО

Во првото коло од ракометниот плеј-оф во Македонија, во салата Автокоманда тимот на Металург ги покажа шампионските апетити, откако го совлада актуелниот шампион Вардар со 29:26.

Драматичен дуел одиграа двата најдобри македонски ракометни гиганти, кои уште еднаш покажаа квалитет, а домаќинот и поголема желба за победа, која на крајот и се оствари.

Вардар на стартот започна подобро и имаше предност, но кон крајот на полувремето Металург дојде до позитива, па на одмор замина со 15:13. Во вториот дел „црвено-црните“ успеваа да намалат и изедначат, но ниту тоа не беше доволно, Червар знаеше како да ги мотивира своите момци кои остварија неочекувана, но и сосема заслужена победа.

Најефикасен во таборот на Металург беше Немања Обрадовиќ со 10 погодоци, додека кај Вардар Иван Чупиќ имаше 6 голови.

Во останатите два натпревари од првото коло Охрид го совлада Еурофарм Работник со 28:23, додека Пелистер славеше на гостувањето во Велес кај Борец со 29:33.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -