fbpx
-3 C
Skopje

Етеми не попушта: Ќе ја гради зградата и ќе засади 150 израснати дрва кај Мајчин дом

АКТУЕЛНО

Екс премиерот Љубчо Георгиевски: Заев радикално влегол во зближување со Бугарија и за тоа треба да се награди македонската влада со почеток на преговорите...

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 изјави дека во Бугарија секој става акцент на нешто повеќе. „Таму има големо негативно...

Љубчо Георгиевски: Бугарите немаат чувство за тоа што се случува кај нас, ветото е одземање на перспективата не само на Македонците

Љубчо Георгиевски вечерва во „Клик Плус“ ја коментираше изјвата на Али Ахмети дека „Албанците треба да застанат рамо до рамо со Македонците“ за спорот...

Јоци: Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази

Со доаѓањето на Мухамед Зекири во СДСМ, се испиша нова страница во партијата која претходно трпеше низа порази - ,,едно општество за сите". Се...

Првиот човек на МВР потврди: Спасовски вели дека полицискиот час е опција доколку се случи да има прогрес на пандемијата

Досега не е прелдожена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затоворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период –...

Сопственикот на компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми синоќа одржа средба на која присуствуваа граѓани и граѓанските активисти од Аеродром. На средбата се дискутираше за изградбата на објектот кај Мајчин дом, информира Општината.

– Јас сум тука со вас, бидејќи вашето мислење ми е важно, сакам да ви го објаснам мојот став, се надевам на разбирање и заедничко решение – истакна Етеми.

Изминатиот период се правеле анализи и се барале можности за откажување од градбата. Барале соодветно правно и економски оправдано решение. Прво се направи темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата.

Заклучено е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај Мајчин Дом. Разгледани се сите опции на цела територија, секако надвор од урбаното јадро. Имаше обиди да се најде локација и надвор од општината на територија на Градот Скопје, за што има сериозни правни пречки, но реално нема ни соодветна локација. Процедурата за носење нов ДУП или ГУП би траела околу 3 години, што е голема загуба земјаќи ги предвид сите тековни трошоци како месечната рата за кредит инвеститорот го има подигнато за оваа намена. Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури.

Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај Мајчин дом, Општината би требало да му исплати на Етеми повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект.

На средбата граѓаните потенцирале дека најголем страв им е нарушувањето на квалитетот на живот во регионот и потенцијалната штета врз животната средина. Тие побарале одговорност од претходното општински раководство, кое го изгласа ДУП И10, кој ја овозможува изградбата на овој објект.

– Сакам да ве уверам дека зградата ќе биде целосно енергетски ефикасна, проектот е изработен со особена грижа за околината и животната средина. Самата зграда ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување, за што вложувам околу 1 милион евра. Заради моја грижа габаритот на зградата е намален и не ги искористува максималните параметри што ги дозволува ДУП-от. Максимално ќе го зазелениме просторот и ќе има повеќе зеленило од сега – додаде Етеми.

Компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ ќе обезбеди 150 високоизраснати дрва, целосно партерно уредување на плацот околу Мајчин Дом и изградба на нов паркинг на парцелите околу кои исто така се во сопственост на г-дин Етеми. Тој истакна дека неговата компанија е општествено одговорна и сака максимално да ги поддржи граѓаните во борбата со загадувањето.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вакцината против ковид ќе биде задолжителна за сите што сакаат да летаат со авион

Извршниот директор на авиокомпанијата „Квантас“ (Qantas), Алан Џојс, изјавил дека луѓето кои ќе сакаат да летаат со нивната компанија, ќе мора да докажат дека...

Joванka не беше единствената љубов на Тито: Еве во кој бил заљубен маршалот

Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија денеска се славело Ден на младоста и роденденот на претседателот Јосип Броз Тито. За политичките потези на поранешниот лидер...

Банките ќе ги исплаќаат пензиите од 26 ноември

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското...

100 илјади долари за еден биткоин? Инвеститорите очекуваат златна треска

Биткоинот да расте пет пати годишно и да достигне 100 000 американски долари? Звучи скоро скандалозно, но ова е реална прогноза на некои големи...

Why is Switzerland the best country in the world?

What makes Switzerland such a good country? They are rich Depending on whose estimates you trust, Switzerland ranks eighth or ninth in the world when...
- Advertisement -