fbpx
22.8 C
Skopje

ЕУ ќе ги штити авторските права на интернет

АКТУЕЛНО

Одборот за правни работи на Европскиот парламент ја поддржа Директивата за авторски права која се однесува на законот за авторски права во времето на интернетот.

Со усвојувањето на овој закон, платформите како Фејсбук и Гугл ќе мораат да купат лиценца од медиумските компании пред да направат линк за нивната сторија.

Истовремено, се што е објавено на интернет во ЕУ ќе мора да помине низ проверка за кршење на авторските права.

„Одобрувањето на новата Директива за авторски права во Одборот за правни работи во ЕП претставува чекор напред во прилагодувањето на авторските права на новата реалност и бизнис моделите на 21. век“, изјави авторот на извештајот, Аксел Вос.

Директивата за авторски права на единствениот дигитален пазар ја предложи и ЕК во 2016. година.

Новата директива воведува нови правила кои се однесуваат на правата на издавачите и го разгледува проблемот со интернет платформите кои не сносат никаква правна одговорност кога станува збор за содржини заштитени со авторски права кои корисниците ги „закачуваат“ на нивните веб-страници.

„Имаше многу лажни гласини и погрешни толкувања за ова. Никој не го филтрирал и никој нема да го филтрира интернетот! Ние се соочуваме со ситуација каде се повеќе и повеќе злоупотреби се појавуваат на интернет платформите чија основна намена е да го споделат тоа што го создале други лица. Овие платформи на тој начин создаваат значителен профит врз основа на туѓ труд и не можат едноставно да се сокријат позади аргументот дека корисниците се тие кои ги користат содржините заштитени со авторски права“, рече Вос.

Тој додаде дека универзитетските платформи, научните бази на податоци и онланј енциклопедиите кои не се занимаваат со содржини кои подлежат на авторски права ќе бидат ослободени од новите правила.

Новата реформа на авторските права се однесува и на медиумските издавачи чија содржина се користи од агрегаторите на вести.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -