fbpx
21.8 C
Skopje

ЕУ останува на ставот на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини

АКТУЕЛНО

Европската унија останува на искажаниот став на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, ова е одговорот упатен денеска до ТВ Алсат-М, на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот Ѓорге Иванов во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.

„Европската унија останува на ставот на шефот на европската дипломатија Федерика Могерини, се вели во одговорот упатен денеска до Алсат-М на прашањето како Брисел го коментира писмото на претседателот на државата во кое тој побара Брисел да ја осуди и отфрли албанската платформа.Запознаени сме со писмото на претседателот Иванов. Ги повикуваме сите политички актери, вклучувајќи го и претседателот, да го почитуваат изборниот резултат, да постапува согласно Уставот, да го почитува јасното парламентарно мнозинство, да дозволи демократскиот процес да тече. Го повикуваме претседателот да го преиспита својот актуелен став и да овозможи формирање на новата влада“, изјави Коцијанчич.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -