fbpx
27.8 C
Skopje

ЕУ: Под санкции е ставена и државната Банка за надворешна трговија на Северна Кореја

АКТУЕЛНО

Европската Унија денеска соопшти дека на листата на санкции против Северна Кореја додала уште девет лица и четири правни субјекти.

Тоа е сторено во рамки на новите мерки на Обединетите нации против Северна Кореја, пренесоа британските медиуми.

На сајтот на Европскиот совет е објавено дека новите санкции се однесуваат и на државната Банка за надворешна трговија (ФТБ).

„Со ова вкупниот број лица кои се под рестриктивни мерки е зголемен на 62, а бројот на правни субјекти на 50, како што е наведено на листата на ОН“, се наведува во сооопштението.

Советот за безбедност на ОН во саботата едногласно ги усвои новите санкции кон Северна Кореја, со кои за третина е намален нејзиниот вкупен годишен извоз, вреден три милијарди долари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -