fbpx
33.8 C
Skopje

ЕУ усвои пакет мерки за борбата против тероризмот

АКТУЕЛНО

Европската унија денеска во Брисел усвои пакет заклучоци за борбата против тероризмот и меѓу останатото, се обврзува на посилна соработка и со државите од Западен Балкан.

Посебен дел од новите мерки ќе се однесува на борбата против радикализација и користење интернет и социјални мрежи во радикализацијата.

Советот за надворешни работи на ЕУ наведува дека се усогласени мерките што треба да ги преземе Одборот за надворешни работи на Унијата. Оценето е дека тероризмот е најголема закана и Унијата мора да ги зајакне своите капацитети за борба и надзор над финансиски текови.

Една од мерките ќе биде испраќање експерти за безбедност и борба со тероризам во делегациите на ЕУ.

Во однос на Западен Балкан, Советот на ЕУ ја истакнува „важност на оперативно партнерство со сите држави од регионот“ со постоечки модели на соработка вклучително и Иницијативата на Западен Балкан против тероризам, како и системите за јакнење на безбедносни управи кои опфаќаат и борбата против организиран криминал и безбедност на границите.

– Советот на ЕУ истакнува значење на заедничките напори во контрола и спечување на незаконска трговија со оружје, движење на странски борци во борба против влијанието на екстремистичките идеологии на Зпааден Балкан, соопштено е во Брисел.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -