fbpx
15 C
Skopje

Фабрика од Делчево е понудена како гаранција за да му биде вратен пасошот на Орце Камчев

АКТУЕЛНО

2289 000 евра е гаранцијата која ја нуди Орце Камчев за да му биде вратен пасошот.

Адвокатите на Камчев за телевизијата Телма потврдиле дека во гаранцијата се понудени деловен простор од 400 квадрати во центарот на Скопје и фабрика во Делчево. Барањето е поднесено во петокот и е пратено на мислење во обвинителството. Камчев претходно бараше да му се издаде нов привремен пасош, а обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот “Империја” го отфрли тоа барање.

Камчев е осомничен во случајот “Империја” за повеќе дела, меѓу кои и перење пари, а е и сведок и оштетен во случајот “Рекет”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -