fbpx
21.8 C
Skopje

Фајненшл Тајмс: Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО

АКТУЕЛНО

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров во изјава за Фајнешл Тајмс вели дека членството на Македонија во НАТО би помогнало да се смират состојбите на Балканот и да се намали опасноста од крвопролевања во регионот, додавајќи дека Македонија ја разгледува можноста да влезе во НАТО под привремената референца.

Ќе ја прашаме Грција каков вид на сосед сака. Дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда? Ако ние бидеме добар сосед на Грција, можеби грчките политички сили ќе сфатат дека ова ни се пружа историска можност, изјавил Димитров за Фајненшл Тајмс.
Димитров за Фајненшл Тајмс вели дека каков било договор за ново име за Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори. Според некои, неименувани аналитичари, договарањето на ново име за Македонија може да трае до една година.

– На многу делови од Балканот има луѓе кои сметаат дека има можност да се сменат пост-југословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот, изјавил Димитров.
Според Фајненшл Тајмс, причината што западните земји станале порешителни во плановите да се прими Македонија во НАТО е што Русија почнала погресивно да се меша на Балканот, пред се со обидот за државен удар во Црна Гора минатата година.

По реакцијата на Министерството за надворешни работи на Република Македонија редакцијата на Фајненшел Тајмс го смени насловот на текстот од интервјуто со министерот за надворешни работи Никола Димитров, согласно неговата изјава која гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -