fbpx
24.8 C
Skopje

Фан на Ливерпул се бори за живот: Уапсени италијанските хулигани кои претепаа до смрт навивач на Ливерпул

АКТУЕЛНО

Премиерлигашот Ливерпул направи голем исчекор кон финалниот меч во Киев во Лигата на шампионите, откако вечерва во првата полуфинална битка со Рома издвојува победа од убедливи 5-2. Во еден од најефикасните натпревари во оваа фаза во најелитното натпреварување, четата на Јирген Клоп комплетно го надигра ривалот од Рим и може да жали што во самиот финиш прими два гола со што на „волчицата“ и даде каква таква надеж пред реваншот на „Олимпико“ кој е на програмата наредната седмица.

Иако пред почетокот настанаа мали немири меѓу навивачите на двете екипи, сепак натпреварот помина во најдобар ред и се беше на посакуваното ниво. Но, најновата информација која пристигна од Островот е последната акција на полицијата која уапсила две осомничени лица, откако 53-годишен навивач на Ливерпул се бори за живот поради заработени тешки повреди на главата.

Полицијата успеа да ги идентификува навивачите на Рома кои се уапсени и осомничени за обид за убиство. Сепак по сликите може да се забележи дека овие хулигани не биле дојдени за да уживаат во фудбалските мајстории на своите фудбалски миленици, туку очигледно намерата им била друга.

 

 

 

Извор: Дерби.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -