fbpx
20.8 C
Skopje

Фатиме Фетаи: Груевски да биде уапсен – постојано доцни на судењата

АКТУЕЛНО

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара Никола Груевски, обвинет во предметот Насилство во Општина Центар, да биде приведен, бидејќи упорно доцни на ова и на сите останати судења кај што е обвинет, објави СДК.

„Вас не ве почитува чесен суде, не нас обвинителите. Пратете полиција по него, поминаа 20 минути како го чекаме сите овде седнати во судницава“, додаде обвинителот Гаврил Бубевски.

Во тој момент влезе обвинетиот Груевски, а судијата Душан Јосифов само го опомена дека пречесто доцни и оти тоа веќе на ништо не личи. Груевски само го погледна и ништо не му одговори.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -