fbpx
18.8 C
Skopje

ФБИ извршил претрес во домот на поранешниот шеф на предизборниот штаб на Трамп

АКТУЕЛНО

ФБИ денеска потврди дека минатиот месец бил извршен претрес во една од куќите на Пол Манфорт, поранешниот менаџер на изборната кампања на претседателот Доналд Трамп.

За време на претресот беа конфискувани документи, како и други негови материјали.

Манафорт е еден од сведоците во отворената истрага на специјалниот истражител Роберт Мулер за мешањето на Русија во американските избори од минатата година и за можното заедничко делување на луѓе од тимот на Трамп со руски претставници на различно ниво.

Веста за претресот, прв ја објави весникот „Вашингтон Пост„ а ФБИ денеска потврди дека на 26 јули лугето на Бирото во раните утрински часови, со налог за претрес, навлегле во куќата на Манфорт и притоа одвеле со себе материјали кои ги сметаат за потребни во истрагата.

Претресот бил направен само еден ден откако Пол Манфорт беше сослушуван од членовите на сенатскиот комитет за разузнавање.

Според медиумите во САД, ваквата постапка на ФБИ се смета за невообичаена, затоа што истрагата во која е вклучен и Манафорт е веќе подолго време отворена, а тој ги има предадено документите кои биле кај него во Конгресот.

Проценка е дека зад целата операција стои специјалниот истражител, за кого се вели дека од неговото именување во мај годинава, има создадено силен тим од над 30 луѓе- обвинители, специјални истражители и правни експерти за прашања на истрагата, како што е руското мешање и тајниот заговор, како и за попречување на правдата.

Пол Манфорт беше првиот од изборниот тим на Трамп кој се повлече од функцијата, откако првпат се спомена „руската врска“ во кампањата. Тој се споменува меѓу лугето кои имале контакти со руски функционери, заедно со синот на претседателот, Доналд помладиот, зетот Џерард Кушнер, како и поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -