Вдовицата на мажот, кој минатата година го изврши смртоносниот напад во геј клуб во Орландо, е уапсена во американската држава Флорида. Таа е уапсена во врска со масовниот напад, пишува „Њујорк Тајмс“. Нур Салман била приведена од ФБИ од својот дом во Сан Франциско. Обвинителството во моментов подготвува во врска со нападот, во кој загинаа 49 лица.
Извор запознаен со случајот изјави дека г-ѓа Салман ќе биде обвинета за соучесништво. Нејзиниот сопруг беше убиен во престрелката со полицијата, откако изврши напад во геј клубот на 12 јуни 2016 година. Се очекува таа да биде изведена пред судот во Сан Франциско уште утре.