fbpx
18 C
Skopje

Фетел победи на првото ГП сезоната и најави доминација на Ферари

АКТУЕЛНО

Германецот во болидот на Ферари, Себастиан Фетел победи на првата овосезонска трка во Формула 1 која се одржа во Мелбурн.

Ова беше прва победа на Фетел после една ипол година. На пиедесталот го прдружува лутиот ривал Луис Хамилтон а трет беше Валери Ботас од Мерцедес.

Хамилтон имаше предност на стартот на трката, но влегувањето во боксот скапо го чинеше и ја загуби предноста. А Фетел немаше проблеми до крајот да го задржи првото место.

Четврти беше Кими Раиконен, десетката ја заокружуваат: Макс Верстапен, Фелипе Маса, Серхио Перез, Карлос Саинц, Даниел Квјат и Естебан Окон

Следната трка во Ф1 циркузот е на 9. април која се вози во кинески Шангај.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -