fbpx
9.8 C
Skopje

ФФМ демантира дека младите фудбалери се затруле со храна

АКТУЕЛНО

Фудбалската федерација на Македонија во врска со случајот поврзан со Академијата на ФФМ ги доби резултатите од лабараториските испитувања во медицинската установа „Неуро медика“ според кои седумте деца кои побарале лекарска помош немале труење од храна.

– Лабараториските испитувања кај сите фудбалери се во граници на НОРМАЛНИ вредности. Сите фудбалери се во добра општа состојба и полно здравје. Резултатите од дополнителните испитувања ќе ја утврдат објективната причина за случајот, соопштија од ФФМ.

Младите фудбалери од генерациите 2004 и 2005 од пред два дена се вселија во новиот сместувачки капацитет на Академијата на ФФМ во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -