fbpx
18 C
Skopje

Филипче: Нема пропусти на Хематологија – директорката постапила правилно

АКТУЕЛНО

Битиќи: Нема да се дозволат свадби. Немам храброст да одам против препораките на комисијата

Откако неколку дена угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа, вицепреммиерот за еркономски прашања Фатмир Битиќи кажа дека...

Спасовски: Во ваква ситуација нормално беше секој да е гневен

Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Тој овие денови не ја напуштил државата и цело време...

Сите мислеа дека побегнал а Мијалков се појави: Вели се изолирал поради температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина...

Тв21 открива со кого бил последен пат Мијалков пред да стане недостапен за МВР

Ивица Коневски, еден од предводниците на иницијативата за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ е последниот човек со кој се сретнал Сашо Мијалков пред да стане...

Тоа што се појави една фирма на конкурсот, поради притисок од јавноста и тоа што имаше нецелосна документација решивме да го поништиме тендерот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за Канал 5.

Во врска со тендерот на Клиниката за хематологија, кој го доби таткото на директорката, фирмата „Др Пановски“, Филипче рече дека немало никакви недоследности.

-Ги побаравме документите од тие постапки, од Антикорупциска комисија, се консултиравме со Финансова полиција, доколку е потребно ќе ги преземеме сите мерки во наша надлежност. До сега немаше недоследности – рече тој.

На прашање дали директорката ќе биде разрешена, Филипче рече дека нема пропусти во нејзината работа.

-Во моментот ситуација е таква да ние во Министерството ги започнуваме подготовките за објавување конкурси за избор на нови директори. Сите работи ќе бидат земени во предвид. Во случајот со Хематологија, врз основа на увидот што сега го направивме, немаше пропусти во работата. Тоа беше потврдено од Антикорупциска комисија, таа директорка е изземена од потпишување во тие постапки, но елементите ќе бидат земени предвид при избори на директори – додаде тој.

За проблемот со инсулинот, министерот одговори дека го наследиле тендерскиот процес кој завршува при крајот на оваа година. Посочи дека се носеле инсулини со паралелен увоз, а оваа Влада во меѓувреме го сменила законот и сега бара соодветни сертификати за квалитет. Досега не беа побарани, рече, ниту обезбедени резерви од економските оператори кои ги добиле постапките и имаат обврска да го обезбедуваат целокупното население на кое инсулинот му е потребен.

– Затоа бевме приморани да правиме некои интервентни набавки поради тоа што имаше зголемен број на пациенти од одредена група. Но, со променет закон, економските оператори не беа подготвени да излезат во пресрет и да ги дадат соодветните количини на инсулин, рече Филипче. Од тие причини, во новата постапка се имплементираат работи кои досега не биле барани – соодветен сертификат за квалитет, задолжителна едномесечна резерва од сите економски оператори кои ќе учествуваат во тендерската постапка.

Соопшти дека во Министерството за здравство почнуваат подготовки за објавување конкурси за директорски места на сите јавни здравствени институции и дека предвид ќе биде земено досегашното раководење на сите директори.

Министерот информираше и дека почнале постапка за проект и стигнале две понуди за катна гаража на местото каде што се наоѓаше старата зграда на Гинекологија. Предвидени се доволен број паркинг-места за сите вработени и за пациентите, рече Филипче.

Во интервјуто министерот за здравство оцени дека наследил здравство во „коматозна состојба“ и  потребно е време, рече, тоа да се разбуди, да се зацврсти и да застане на здрави нозе. Нагласи дека со реформите што ги преземаат, здравството ќе го направат модерно и европско, во кое најголем бенефит ќе имаат пациентите.

Извор: Фокус

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Битиќи: Нема да се дозволат свадби. Немам храброст да одам против препораките на комисијата

Откако неколку дена угостителите кои организираат свадби, ноќните клубови и музичари протестираат поради забраната за работа, вицепреммиерот за еркономски прашања Фатмир Битиќи кажа дека...

Спасовски: Во ваква ситуација нормално беше секој да е гневен

Во моментот Сашо Мијалков е на издржување на мерката домашен притвор во неговиот дом. Тој овие денови не ја напуштил државата и цело време...

Фуфо: Во коцката губиш свои пари, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното, односно семејството

Љупчо Николовски – Фуфо во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 раскажа за своето минато поврзано со коцкањето ио лихварството. На прашање за тоа колкави...

Сите мислеа дека побегнал а Мијалков се појави: Вели се изолирал поради температура

Сашо Мијалков е во Македонија. Се извини на целата македонска јавност затоа што сите го барале, а тој бил изолиран заради висока температура. Тој замина...

Еве KAKO MИЈАЛKOВ ја надмудрил полицијата: Телефонот бил дома, а тој патувал во непознат правец

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков не бил во неговиот дом на Водно кога полицијата вчера попладне пристигнала за да му врачи решение...
- Advertisement -