Министерот за здравство Венко Филипче, на својот Фејсбук профил сподели охрабрувачки вести, односно добро е тоа што бројот на заболени не расте нагло.
-Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот.
-Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките.
Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на…
Posted by Венко Филипче on Tuesday, March 31, 2020