fbpx
5 C
Skopje

Филипче за вакцинирањеto: Сѐ што е во наша надлежност правиме исклучително брзо и професионално

АКТУЕЛНО

Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук профил објави видео во кое се обраќа до граѓаните, а по повод Светскиот ден на здравјето.

Тој во видеото кажува дека 2021 година е година на вакцинацијата, за која има надеж дека ќе биде последна во која ќе се живее со мерки, рестрикции и ограничување.

Тој исто така, кажа дека никаде во светот процесот на вакцинирање не се одвива со посакуваното темпо бидејќи побарувачката е огромна, а капацитетите на производство – ограничено.
Тој истакна дека негова заложба и желба е да процесот заврши што побрзо, а за таа цел сѐ што било во надлежност на Министерството за здравство било правено исклучително брзо и професионално, а подготовката за вакцинацијата била спроведена навремено и ефикасно.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -