6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Финале од соништата: Федерер подобар од Надал

Утрово во преполната „Род Левер“ арена во Мелбурн, се одигра финалето од Австралија Опен, помеѓу двете најголеми имиња во тенисот, Рафа Надал и Роџер Федерер. Во мечот кој траеше нешто повеќе од три и пол часа, швајцарскиот тенисер на своја 35 годишна ворзраст славеше против својот ривал од Шпанија со 3:2 во сетови.

Натпреварот се играше сосема рамноправно, односно првиот сет, третиот и петиот ги доби Роџер Федерер, додека вториот и четвртиот ги доби Рафа Надал.

Со овој триумф Федерер стигна до својата 18. Грен слем титула, но сепак меѓусебните дуели меѓу него и Надал се во голема предност на шпанецот, кој засега води со 23:12.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -