Пандемијата на коронавирусот влијаеше на економскиот пад на глобално ниво. Еден бренд преживува голема криза зошто го има истото име со вирусот од кој стравува светот.
Акциите на компанијата која произведува и продава „Корона“ пиво се на мета на коронавирусот.
Истражувањето покажа дека дури 38% Американци повеќе не сакаат да го купуваат ова пиво.
На Гугл е се попопуларно пребарувањето „Корона пиво вирус“ кое му штети на брендот. Пивото и вирусот немаат никакви врски, освен колоквијалното име на заболувањето КОВИД-19.
Во последните 2 месеци откако коронавирусот се прошири низ Кина, компанијата претрпе загуби од цели 132 милиони фунти во време кога се очекуваше силен скок на продажбата поради кинеската нова година.
Ова е најлошо работење на „Корона“ пивото во последните десет години. Покрај името поради кое пивото сега стана одбивно, загубите се поврзани и со изолацијата зошто се помалку луѓе се дружат и излегуваат, а пазарот на овој напиток се заснова токму на ноќниот живот.
Во компанијата велат дека се подготвуваат за нов скок кога социјалниот живот ќе се врати во нормала.
Извор: Слободен Печат