6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Физичка пресметка помеѓу гласач и член на избирачки одбор во тетовско

На гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, тетовско бил регистриран обид за физичка пресметка помеѓу гласач и член на избирачки одбор.

Лицето И.М. (71) дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта, по што И.М. физички го нападнал. За инцидентот била известена полицијата, а И.М. бил приведен, известија од МВР.

Исто така, евидентирани се осум пријави за фотографирање на гласачки ливчиња, од кои расчистени се седум случаи односно седум лица се приведени, од кои четири во Скопје: Д.С. (на гласачко место во ОУ “Ѓорче Петров“); С.А. (гласачко место во ОУ “26 Јули“); Џ.Д. (гласачко место во ПУ “Петар Здравковски Пенко“) и Д.Д. (гласачко место во ОУ “Ѓорѓи Димитров“), две лица во Охрид – Д.Т. (гласачко место во населба Лескоец) и С.А. (гласачко место во музичкото училиште) и уште едно лице Е.А. (на гласачко место во ОУ “Кемал Ататурк“ во Жупа. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во два случаи – едниот на гласачко место во скопско Мирковци и вториот на гласачко место во Кавадарци – приведени се две лица. Во првиот случај лице гласало во име на својата мајка (таа последовително е повикана на разговор во ПО Мирковци) а во Кавадарци лице гласало во име на својата сопруга, при што од ОЈО Кавадарци настанот е квалификуван како кривично дело – “злоупотреба на избирачко право“ (по чл.161 од КЗ на РМ).

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави