fbpx
23.8 C
Skopje

Флорентино Перес е готов да му понуди доживотен договор на Зидан

АКТУЕЛНО

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез призна дека е подготвен да му понуди доживотен договор на тренерот Зинедин Зидан по освојувањето на вториот трофеј во Лигата на Шампионите.

Зидан застана на чело на “кралскиот клуб” пред 17 месеци, но веќе успеа да донесе два купа од Лигата на Шампионите на тимот, како и да стане шампион на Шпанија.

„Зидан може да остане во Реал до крајот на својот живот“, изјави Перес по синоќешното финале против Јувентус.

„Секој фан на Реал му е исклучително благодарен. Во 2001 година тој ја крена класата на нашиот тим, бидејќи беше најдобриот фудбалер во светот. Сега тој е најдобриот тренер на планетата. Тој е тренер на Реал од 17 месеци, но направи така што сето тоа да биде можно“, додаде Перес.

Во меѓувреме, дури вечниот ривал Барселона го поздрави Реал Мадрид за освојувањето на Лигата на Шампионите. Иако и без особен ентузијазам, каталонците напишаа „Честитки за освојувањето на трофејот во Кардиф“ на својот официјален профил на Twitter.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -