Во рамките на 3-тото коло во Кисела Вода се сретнаа ФМП и Куманово и одиграа возбудлив и неизвесен натпревар. Првата четвртина од натпреварот заврши со предност од 1 поен за ФМП, а на полувреме се замина со предност за гостите од 3 поена со резултат 42-45.
На полувремето градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски доби дрес од ФМП со неговото презиме во знак на благодарност за подршката. Во продолжение третата четвртина беше апсолутно изедначена, а на крајот на 4-тата четвртина се одлучуваше и
исходот од натпреварот. Домаќините на крајот имаа повеќе концентрација и подобро го финишираа натпреварот и при резултат од 88-88 подобро шутираа од линијата за слободни фрлања за на крај да се радуваат на победа во овој натпревар со резулата 91-89.
Во редовите на ФМП најистакнат поединец беше Стефан Крстајиќ кој постигна 32 поени следен од Роналд Харис со 19 поени додека пак кај гостите Александар Андрејевиќ беше најрасположен за игра и постигна 24 поени и 13 скокови, а Јован Црнич зад своето име запиша
23 поени.
На другиот натпревар кој се играше денес Кожув на домашен терен загуби од Работнички со 84-95