fbpx
18.7 C
Skopje

Форум на тема „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“

АКТУЕЛНО

 

Во организација на Делегацијата на Европската унија и ЕУ проектот Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО денеска во Скопје ќе се одржи форумот „Нов патоказ за развој на граѓанското општество“.

Воведно обраќање на форумот ќе имаат Никола Бертолини, раководител за соработка од Делегација на ЕУ и Сунчица Саздовска, советник на проектот ТАКСО.

Форумот има цел да обезбеди дискусија за клучните предизвици на граѓанските организации во сегашниот контекст и да даде нов патоказ за понатамошен развој на граѓанското општество.

На форумот ќе се дискутира за улогата на граѓанските организации во општеството, за предизвици со кои се соочуваат и за нивната одржливост.

На конференцијата ќе учествуваат претставници на граѓанските организации, на донаторската заедница, на релевантни институции, на Парламентот и на медиумите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -