Првиот човек на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети се наоѓа во самоизолација во својата куќа во Зајас, ова го откри неговиот брат на Фејсбук.
Фекри Ахмети сподели фотографија со својот брат Али, кого за прв пат го гледаме со брада, нешто што е ретко забележано кога Ахмети има политички ангажмани и обврски.
– Останете дома! И следете ги препораките на надлежните. Да ја поминеме оваа пандемија лесно, напиша братот на Ахмети.
Сопартијците на Ахмети му порачале да остане дома, затоа што кога тој е во партиското седиште во Мала Речица, има голем број на луѓе, кои доаѓаат да се видат со него.