Градоначалникот на Штип Благој Бочварски на својот официјална фејсбук страница сподели фотографии со транспаренти поставени на Општина Штип на кои пишува: Заштити се, спаси живот! Со ова првиот човек на градот изразува благодарност до медицинските лица, работниците и дежурните служби.
Штип е благодарен на медицинските лица, работниците и дежурните служби! Заштити се, спаси живот! – стои во ФБ објавата на Бочварски.
Штип е благодарен❗Медицински лица, работници, дежурни служби❗Заштити се❗ Спаси живот❗
Posted by Blagoj Bochvarski on Tuesday, April 28, 2020
Претходно, во текот на денот тој упати и благодарност до до компанијата “Еколог” од Тетово и семејство Дестани за покажаната општествена одговорност преку донација на 50 таблети за дечиња од социјално загрозени семејства во Штип, со цел да можат непречено да бидат вклучени во наставата во периодот на пандемијата од корона вирусот.
Во овие моменти е важно да си помагаме за едно похумано и поправедно општеството за сите, стои во објавата на градоначалникот Бочварски.